Децата треба да носат маски, не предизвикуваат оштетување на имунитетот, вели д-р Мехмедовиќ

од Nikola Popovski

Американската академија на педијатри има направено испитување за маските и има донесено препораки за носење кај децата. Тие треба да се носат затоа што не предизвикува зголемено внесување на јаглерод диоксид во крвта, не предизвикува оштетување на имунитетот или нарушување на белите дробови, вели новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, ако се испитаат истите параметри кај децата во Македонија или Уганда, ќе ги добиеме истите параметри за маските.

-Данска ги укинува мерките затоа што има 85% од населението целосно вакцинирано. Таму ризиокот за смртен исход од корона е 15% од населението. Кај нас само 40% примиле две дози. Прашањето за колективен имунитет преку прележување на болеста е знак прашање во многу земји. Затоа вакцинацијата е важна, посочува д-р Мехмедовиќ.

 

Слични содржини