Детски мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“

од Vladimir Zorba
108 прегледи

   Детскиот мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“ вечер ќе биде изведен во кино „Култура“. 

Организатор на претставата е Заедницата на еко активисти „Скопје Смог Аларм“, во изведба на Едукативно-креативниот центар за деца и млади „Колектив Ветерница“.

– Оваа претстава, која е наменета за децата и во изведба токму на најмладите, е со цел на креативен начин да го долови деценискиот проблем на Град Скопје – аерозагадувањето кое е алармантно и застрашувачко во поглед на смртност заради загадување со ПМ честички и други отровни супстанци, соопшти организаторот