Девет држави од ЕУ ги укинаа ковид-мерките за влез во земјата

од Берта Китинска

Девет членки на ЕУ и Шенген зоната целосно ги укинаа мерките за ковид за влез во земјата.

Еден број го олеснил режимот за влез, а останатите ги задржале мерките за одредени категории патници, покажуваат податоците на порталот „Шенгенвизаинфо њуз“.

Така, Данска, Унгарија, Исланд, Ирска, Норвешка, Полска, Романија, Словенија и Шведска ги укинаа сите мерки за влез на сите патници во земјата.

Чешка, Летонија и Холандија ги укинаа ограничувањата за Ковид-19 за влез само за патници од земјите на ЕУ и членки на Европската економска област (ЕЕА).

Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Хрватска, Германија, Грција, Литванија, Малта, Португалија, Словачка и Шпанија ги задржаа мерките за влез во земјата.

Оние кои сакаат да влезат во Австрија, на пример, мора да покажуваат валиден сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест. Истите правила важат за влез во Белгија, Бугарија, Хрватска, Германија …

Кипар, на пример, е уште построг и во земјата ги пушта без никакви ограничувања, вакцинираните и оние кои го прележале вирусот, додека другите патници, доколку нивната земја е на таканаречената зелена листа, можат да влезат со негативен тест, а на оние кои пристигнуваат од држава која е на црвената листа, потребен им е дополнителен тест при пристигнувањето.

Естонија го задржа правилото дека само вакцинираните и оние кои го прележале коронавирусот можат да влезат во земјата без карантин или без обврска таму да се тестираат.

Слични содржини