Девет симптоми на омикрон

од Берта Китинска
570 прегледи

Омикронoт, се шири брзо и дава значително поблаги симптоми. Симптомите се слаби, но во никој случај не занемарливи, вели српската докторка Нада Миловановиќ Иванчиќ.

Таа смета дека треба да се внимава на девет симптоми: гребење во грлото, течење на носот, замор, кивање, блага кашлица, најчесто без температура, болки во долниот дел на грбот, главоболка, ноќно потење и болки во мускулите.

– Имајќи предвид дека празниците се во тек и дека луѓето во овој период од годината се поблиску од вообичаено, симптомите кои укажуваат на овој вид може да се повторат неколку пати. Многу е важно луѓето да се тестираат за Ковид 19. Тие можат да ги отстранат сите сомнежи со брзи антигенски тестови во нивниот дом или можат да се тестираат во најблиската амбуланта. Со колективна свест, можеме да го забавиме брзото ширење на омикроните. Во аптеките расте потрошувачката на лекови против настинка, кивање и кашлица. Совет е да се носат маски и на отворено и на затворено – вели д-р Миловановиќ Иванчиќ.

Таа предупредува и на проблемот што може да настане поради болеста на голем број работоспособни луѓе, бидејќи во тој случај нема да има кој да не лекува, да не транспортира, да работи во супермаркети, да чисти улиците…

Слични содржини