Деветмина повредени во сообраќајка меѓу автомобили и трактор

од Nikola Popovski

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во близина на селото Рабарово, Валандовско, при судир на два автомобила и трактор. Според информациите, повредени се 9 лица.

-Во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(74) од Валандово, велат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот на возилото „цитроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатник од тракторот Д.Н.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица и Здравствен дом Валандово.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.

Слични содржини