Малолетно девојче од Македонија било жртва на сексуално насилство, кога наводно било силувано од маж од Пеќ. Осомничениот бил уапсен за време на викендот под сомнение за сторено кривично дело сексуално насилство и силување на малолетно лице.
Според таканаречената косовска полиција, случајот бил пријавен во четврток, 14 август, кога малолетничката, во присуство на нејзиниот старател, пријавила дека била жртва на сексуално насилство. По давањето исказ, полицијата брзо го идентификувала и привела осомничениот.
По апсењето, осомничениот бил изведен пред обвинител каде бил испрашуван, а потоа му е одреден притвор до 30 дена. Истрагата е во тек, а надлежните органи собираат дополнителни докази со цел да се разјаснат сите околности на случајот.
По завршувањето на истрагата, се очекува против осомничениот да биде поднесено обвинение за силување и сексуално насилство врз малолетно лице, што носи затворска казна до десет години.