Девојка прегази дете во Скопје

Девојка прегази 7-годишно дете на улица во Скопје, информираат од полицијата

од Nikola Popovski
28 прегледи

Девојка прегази 7-годишно дете на улица во Скопје, соопштија од МВР.

-На 12.10.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се додава во билтенот на МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.