Девојка во Бразил почина од струен удар од телефон што и ги стопил слушалките во уши

од desk2
89 прегледи

Ученичка (17) од Бразил почина од струен удар додека во ушите имала слушали од телефон кој бил на полнење, пренесе Mirror.

Луиза Пињаиро од местото Пиачо Фрио не давала знаци на живот кога семејството во неделата ја пронашла на подот во собата покрај уништениот мобилен телефон со стопени слушалки во ушите.

Веднаш ја однеле во болница, но на девојката и немало спас.

„Семејството на девојката верува дека струјниот удар бил предизвикан од полнењето на телефонот. Во болничкиот извештај пишува дека девојката починала едне час по инцидентот. Роднините велат дека ја удрила струја, а причината за смртта допрва треба да биде потврдена“, велат од болницата.

Истрагата е во тек, а во времето на несреќата не паѓал дожд, но се слушале грмотевици.