Девојката која падна од балкон во Тетово била малтретирана од татко ѝ

По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

МВР информира дека синоќа во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Ова се однесува околу истрагата за случајот со 19-годишната девојка од Тетово, која на 14 март падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и со повреди беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

– На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А., информираа денеска од полицијата.

По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.