Девојката на Роман Проташевиќ исто така „призна“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

По видеото на Роман Проташевиќ, во кое тој признава дека организирал протести во Белорусија, објавено е и видео од неговата девојка која го прави истото.

Имено, Софија Сапега, инаку руски државјанин, беше уапсена кога беше уапсен и Проташевиќ, кога авионот на летот Атина-Вилнус беше пренасочен кон Минск, каде и двајцата беа приведени.

Клип објавен на провладиниот канал на апликацијата „Телеграм“ во вторникот, прикажува жена која седи на стол, велејќи дека таа е Софија Сапега, 23-годишна партнерка на опозицискиот активист Роман Проташевиќ.

Таа исто така признава дека водела канал на „Телеграм“ наречен „Црна книга на Белорусија“, кој објавува приватни информации за полицијата, кривично дело за кое би можела да добие 15 години затвор, објави „Блиц“.

Видео од „признанието“ на Сапега беше објавено еден ден откако Проташевиќ се појави во сличен клип од притворот, исто така „признавајќи“ дека минатата година организирал масовни демонстрации во Белорусија.

Неговото семејство и пријатели тврдат дека тоа било присилно. Дмитриј Проташевиќ, таткото на активистот, рече дека носот на неговиот син најверојатно бил скршен.

Светлана Тихановскаја, лидерот на белоруската опозиција, која и самата беше принудена да сними слично видео, рече дека е скоро сигурно дека „признанието“ на Роман се случило под „физички и морален притисок“.

На видеото од Сапега, таа не изгледа повредено, но нејзината мајка Ана Дудиќ рече дека изгледа „исплашено“ и дека не зборува на вообичаен начин, објави „Дејли меил“.

Слични содржини