Џафери без коментар за укинување на лустрацијата: Не го видов предлог законот

од Aleksandar Todeski
368 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не сакаше да го коментира Законот за укинување на лустрацијата. Тој истакна дека не го видел предложеното законско решение, но и дека нема проблем со истото.

„Јас го гласав Законот за лустрација, немам проблем со тоа, а немам ниту проблем со Законот за укинување на лустрацијата. Немам посебен коментар“, рече Џафери

Во врска со Протоколот за НАТО, тој смета дека треба да се почека со ратификацијата бидејќи има Шпанија влада.

„Во догледно време, пред да се распуштиме и ратификацијата ќе се најде на дневен ред, но ќе треба да се вметне клаузула за примена имајќи предвид дека актуелниот договор дека стапува на сила во денот на објавувањето. Ќе треба клаузулата да биде со одложен рок, односно дека примената ќе биде откако ќе бидат завршени сите ратификации“, рече Џафери.

Според собранискиот спикер, правно има проблеми Протколот да биде ратификуван предвремено, но доколку Шпанија не го стори тоа пред распуштањето, ќе се пристапи кон предвремена ратификација.

А.Т.

Слични содржини