Имав прилика при престојот во Стразбур на годишната конференција на Советот на Европа да присуствувам и на дебатата на Европскиот парламент при расправата за носење на резолуција по однос на недобивањето на преговори на Северна Македонија и Албанија. Сета дебата се водеше по однос на фактот дека е направена историска грешка со неодлучување за претпристапни преговори, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за националниот сервис.
„Имаше дел од пратениците кои доаѓаат од провиненцијата кои ја поддржуваат одлуката на Макрон. Еден од аргументите дека многу граѓани од Албанија барале азил во Франција. Имаме безвизен режим, може во текот на годината да се престојува девет месеци. Во таа насока, човек кој одел редовно користејќи го периодот, не може да бара азил, не може да се земе никаков аргумент тука. Претходно, минатата недела присуствував на годишната конференција на претседатели на Парламенти на Вишеградската група на Југоисточна европа во Будимпешта, каде учествуваат претседатели на Парламенти и Сенати на Унгарија, Чешка, Словачка и Полска како и од Западен Балкан. И таму се донесе резолуција со која се потврди безрезервната поддршка за почнување на преговори со Северна Македонија и Албанија и таму се кажа уште нешто што не беше кажано јавно, дека не е проблем на земјите колку што е проблем во ЕУ“, рече Џафери.
Тој додаде дека смета дека процесите за преовори и реформи во Европската Унија може да одат паралелно.