Џафери до Мицевски: На кого му се спие може уште одма да оди да спие

од Aleksandar Todeski
392 прегледи

Праксата воспоставена од владејачкото мнозинството продолжува и во последните денови. Почнуваме седница во неколку минути пред 22 часот, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на почетокот на седницата за Законот за Јавно обвинителство.

Тој обвини дека во Собранието имало преговори, разговори и непринципиелни понуди, за кои рече дека биле типични власта.

„Чекавме од девет часот за оваа седница, за да почнеме во 22 часот, за да може да тргуваат со гласовите на колегите пратеници и да договараат непринципиелни работи за да може да го поминат Законот за Јавно обвинителство. Ова Собрание личи на се, само на законодавен дом не“, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери му посочи дека Собранието работи по Устав и дека Законодавниот дом е во заседание нон стоп.

„Ако му се спие на некого може да оди да спие уште сега, но за заседанието знаеја координаторите“, рече Џафери.

А.Т.

Слични содржини