Џафери испрати покани за мониторинг на претседателските избори до повеќе меѓународни организации

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,  Талат Џафери испрати покани за учество во набљудувањето на изборот за претседател на државата што ќе се одржи на 21 април 2019 година (недела), прв круг и на 5 мај 2019 година (недела), втор круг.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, покани се испратени до претседателите на Европскиот парламент, на Парламентарното собрание на НАТО, на Парламентарното собрание на Советот на Европа и до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ.