Џафери: Јас немам добиено никаква оставка

од Берта Китинска

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пред паузата на денешната Собраниска седница каде неговата партија побара констатирање на оставката на Венко Филипче побара поддршка од сите пратенички групи и пратеници, посочувајќи дека оставките се личен чин, а премиерот, како што рече, не е ајатолахот во Иран за да одлучува кој има совест и кој е морален, а кој неморален.

На прозивката од пратеникот Милошоски, тој да има поголема совест од премиерот Зоран Заев и одлуката да ја стави на гласање, Џафери одговори дека како претседател на Собранието не може да се раководи според совеста, туку според процедурите, Утсавот и собранискиот деловник.

– Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлог за разрешување одлучува Собранието на првата наредна седница. Доколку претседателот разреши 1/3 од членовите на Владата од првобитниот состав, тогаш Собранието одлучува како за нова влада. Уставот пишува за изричита надлежност на премиерот, а не на пратеници. Претседателот на владата членови на владата може да поднесат оставки. Предлогот за оставка треба да се достави до Собранието. Јас немам добиено такво нешто. Ако има таков материјал, веднаш сум должен да го доставам до вас. Што да доставам кога јас ништо не сум добил – рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски побара еден час пауза и побара од Владата да ја прати оставката на Филипче, за да може да се констатира.

Слични содржини