Џафери: Пратеникот мора да доаѓа на работа и во воена состојба

од Nikola Popovski

Собранискиот спикер Талат Џафери на денешната прес-конференција по повод вчерашните случувања во Парламентот, изјави дека пратеникот не може да се попречува ни во воена состојба.

„Граѓаните имаат избрано 120 пратеници и тие имаат обврска да седат на седница, затоа што земаат плата за тоа“, вели Џафери.

Во однос на заразените пратеници, кои присуствуваа во Собранието, тој изјави дека никој не бил загрозен, односно дека тие со никој немале контакт.

„Да не мислите дека јас своеглаво решив да го применам Деловникот, односно протоколот и измената, претходно имав милион консултации. Најлесно е јас да кажам имам толку инфицирани, го затворам Собранието наредните 20 дена, и тоа можам да го употребам. Го избрав најмалку лошото решение“, порача Џафери.

Слични содржини