Џафери со честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Претседателот на законодавниот дом на С.Македонија, Талат Џафери, денес упати честитка до сите православни христијани во рамки на утрешниот голем празник, Богојавление – Водици.

„Дозволете од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате и поминете во добро здравје, мир, спокој, семејна благосостојба и топлина. Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли. Нека солидарноста, хуманоста, взаемната почит и разбирањето се шират и допрат во секоја пора од нашето општество за да бидат темелот врз кој ќе се гради еднакво, правично, напредно и пред се хумано општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува свој на своето и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок и благосостојба“, стои во честитката на претседателот на Собранието, Џафери.

Слични содржини