Џафери: Законот за Советот на ЈО е усвоен во согласност со Деловникот и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците

од Vladimir Zorba

Претседателот на Собранието, Талат Џафери реагираше на пресот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски посочувајќи дека Измените и дополнувањата на Законот за Советот на јавни обвинители се усвоени во согласност со Деловникот и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците.

Претседателот на парламентот пред гласањето соопшти дека е потребно и Бадентерово мнозинство, а потоа констатира дека законот е донесен без двојно гласање. На интервенција на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, сепак Џафери се коригирал и не побарал второ гласање.

Од кабинетот на Џафери се повикуваат на член 11, став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, каде се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема Законот за Советот на јавни обвинители.

По прашањето реагираше и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески:

Димовски претходно изјави дека Законот за Совет на јавни обвинители не е донесен.

„Уставот во амандманот 10 вели дека во Законот кој ги опфаќа јазиците и културата, треба да се изгласа со бадентерово мнозинство. И самиот Талат Џафери најави дека Законот се гласа со апсолутно мнозинство и бадентерово мнозинство, а тој при хаосот не го стави на гласање со бадентерово мнзоиснтво. Ние го забележавме тој пропуст, но чекавме да се рапушти Собранието“, рече Димовски.

Тој апелираше до собранискиот спикер Талат Џафери и претседателот Стево Пендаровски да не го потпишат Законот, бидејќи не е донесен.

„Бадентерово мнозинство не беше употребено, овој Закон не е донесен и другиот не е донесен, но секако, едниот без другиот не можат да се донесат. Овој ден за власта е неуспешен“, посочи Димовски.

Слични содржини