Откако објавија дека се разведуваат, медиумите постојано се занимаваат со тоа да ги пронајдат причините за нивната разделба како и тоа кој кого прв преболел и си нашол замена. Очигледно, глумецот Џастин Тероу (46) се забавува со 25 годишната уметничка Петра Колинс.

Според фотографиите кои беа направени од Џастин, откако се објави нивната разделба, изгледа дека не му недостига Џенифер бидејќи беше уловен од папараците како вози велосипед низ Њујорк во одлично улично издание. Глумецот веднаш беше поврзан со многубројни девојки, но само една им е најинтересна на светските медиуми.
Станува збор за младата уметничка, 25 годишната Петра Колинс.

“Неколку пати имаат излезено, најчесто во ресторан. Џастин е опседнат со неа и покрај тоа што тврди дека се пријатели. Се запознаа во Њујорк, тој има премногу пријатели таму и всушност тоа беше причината за неговата разделба од Џенифер”, вели неименуван извор за магазинот “Star”.
Дека има некоја хемија со Петра, потврдува и фотографијата која Тероу ја објави на својот Инстаграм профил пред да се објави разделбата со Џенифер. Интересно е тоа што Петра е блиска пријателка со пејачката Селена Гомез, а Селена е пријателка со Џенифер, така што пејачката застана на страната на глумицата и веднаш ја отстранила Петра од пријатели на Инстаграм.
https://instagram.com/p/Be9eClJFQv2/?utm_source=ig_embed