Џеј Ло се качува на градилиште во тесни хеланки, од Афлек ни трага ни глас (ФОТО)

од Nikola Popovski
595 прегледи

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) е фотографирана како се качува на покрив од куќа на Бел Ер, а ова е првпат обожавателите да ја видат на градилиште.

Имено, познатата латино дива очигледно бара нов дом во Лос Анџелес, каде што ќе живее со своето момче Бен Афлек и нејзините деца, додека нив ќе ги посетуваат неговите деца од бракот со Џенифер Гарнер.

Џеј Ло сега е сликана на скалилата додека се искачува на покривот од куќата што сè уште е во изградба и се чини дека била многу заинтересирана да ја купи кога ќе се заврши.

Таа со изведувачот го обиколила имотот и го проверила квалитетот на градбата и погледнала во секој агол од вилата, коментирајќи што сака и што може да се промени.

„Колку е убава“, „Жена способна за сè“, „Што ќе и е маж кога може сама да се качува на скалу? “,„А каде е Бен?“, гласеле коментарите на фановите.

Да потсетиме, откако ја раскина свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45), пејачката Џенифер Лопез не се раздели од Бен Афлек, за кого за малку ќе се омажеше во 2004 година, но актерот потоа ја откажа венчавката 3 часа пред да се заколнат едни на други во вечна љубов.

Двојката беше забележана заедно пред скоро 2 месеци за време на одмор во Монтана, а после тоа поминаа една недела заедно во Мајами, каде беа фотографирани неколку пати на балконот во вилата што ја изнајмија само за нив двајца.

Сега тие одржуваат врска помеѓу Лос Анџелес и Мајами и се чини дека пејачката трајно ќе се пресели во Калифорнија, со оглед на тоа дека разгледувала и училишта за деца во Лос Анџелес.

Слични содржини