Џејми Оливер: Јас сум „викенд татко“ и на децата тоа не им пречи

од desk2
116 прегледи

Славниот ТВ-готвач и поборник за здрава и економична храна Џејми Оливер е татко кој е многу инволвиран во животите на неговите деца, судејќи според објавите на Instagram.

Меѓутоа, Оливер вели дека е среќен што не ги гледа децата пет дена во текот на работната недела и дека избира да биде „викенд татко“.

Џејми, кој со сопругата Џолс има пет деца на возраст од една до 16 години, вели дека тоа се должи на неговиот „хаотичен распоред“ и дека на неговите деца не им пречи што не е присутен.

Во интервју за списанието „Good Housekeeping“, 43-годишниот готвач рече: „Кај нас дома е хаос. Ама на убав начин. Има тинејџерски емоции, деветгодишно дете и бебиња во пелени. Главно ссум викенд родител – тигнувам на главните школски настани, но сум преработен од понеделник до петок и обично ги гледам децата неколку вечери во текот на работната недела. Јас сум среќен и задоволен со тоа и сметам дека и на децата им е ок.“

Оливер, кој живее на имот во северен Лондон вреден 8,9 мииони фунти и раководи со готвачка империја вредна 240 милиони долари, исто така открива дека морал да мести аларми за да го потсетат да легне да спие бидејќи спиел само по три часа.

„Морав да го класифицирам одењето во теретана како работа, инаку немаше никогаш да отидам. И спиењето го сметам за работа. Местам аларми за да си легнам да спијам. На 43 години! Звучи патетично, ама функционира.“

„Пет години спиев по три часа и оптимистичниот Џејми кој го знаете почна да станува помалку оптимистичен. Тоа не бев јас и морав да го сменам.“

Омилениот ТВ-готвач кој неодамна ја прослави 18-годишнината од бракот со сопругата, не ја исклучи можноста да има уште деца, покрај Попи Хани (16), Дејзи Бу (15), Петал Блосом (9), Бади Беар (7) и едногодишниот Ривер Рокет.