
Светски познатиот британски готвач Џејми Оливер наскоро на аеродромот во Виена ќе ги отвори своите локали „Jamie’s Deli“, „Jamie’s Italian“ и бар, што го потврди и управата на аеродромот во Виена, „Schwechat“.
Тоа ќе бидат првите австриски ресторани од брендот Џејми Оливер, а ќе бидат сместени на третиот терминал од аеродромот преку кој се одвива дури 60 отсто од патничкиот сообраќај.
Кон крајот на јануари ќе започне адаптацијата на просторот, а отварањето на првиот локал „Jamie’s Deli“ предвиден е за мај 2017 година. Кон крајот на 2017 година ќе биде отворен и ресторанот „Jamie’s Italian“, додека барот ќе започне со работа најдоцна до средината на 2018 година.
„Jamie’s Deli“ е првиот австриски локал на популарниот готвач осмислен по принципот на брза храна, а во понудата ќе биде суперхраната на Оливер и италијанската храна.
„Jamie’s Italian“ ќе биде ресторан со класична услуга и медитеранска храна, додека во барот ќе се нудат коктели и мезе.