Џенифер Анистон и Рис Витерспун заедно во ново шоу

од Vladimir Zorba

Актерката Џенифер Анистон и Рис Витерспун ќе ги здружат силите и талентoт во ново телевизиско шоу, кое дава разрешница  на задкулисието на утринските телевизиски блокови и њујоршката медиумска сцена. Се очекува правата за него да бидат пуштени во продажба на неколку канали и стриминг услуги следните недели.

Уште од сега сепак специјалисти од индустријата предвидуваат дека имињата во серијата ќе привлечат голем интерес. За Анистон ова е прва постојана улога на малиот екран по нејзиното учество во познатата комична серија “Пријатели” пред повеќе од една деценија.

Во моментов, проектот нема најавено наслов, но се знае дека новоформираната компанија на поранешниот извршен директор на HBO Мајкл Еленберг ќе ја шири серијата, а продуцентот на “Куќа од карти” Џеј Карсон ќе биде дел од тимот на сценарио. Покрај актерското учество, Витерспун и Анистон ќе ја вршат улогата и на извршни продуценти.

Слични содржини