Џиџи Адид ja краси насловната на првиот арапски Vogue

од desk2
89 прегледи

Но дали ова издание ќе ги обедини луѓето и различните култури …

Џиџи Адид се појави на насловната страница на првиот во историјата печатен број на арапски Vogue.

“Мислам дека појавата на овој Vogue е важен настан за модното општество во целиот свет. Сега сите култури во светот можат да бидат заедно. Јас сум половина Палестинка, затоа за мене да се појавам на корицата на првиот арапски Vogue значи многу. Се надевам дека ова списание ќе може да покаже поинаква страна на модната индустрија, која ќе успее да ги обедини луѓето и културите “, изјави Адид.
Главният уредник на арапското издание Vogue стана принцезата на Саудиска Арабија Дина Абдулазиз.

Таа признала дека Џиџи идеално одговара на корицата за првиот број, бидејќи е очигледен пример за тоа како девојка со арапски корени може да биде влијателна фигура во светот на модата.
Видете ја Џиџи во овој број во галеријата.