Џиновска аномалија во Пацификот со површина 9 милиони квадратни километри е причина за масовното изумирање на животните

од desk2
75 прегледи

Огромен дел абнормално топла вода во Тихиот Океан доведе до раст на концентрацијата на озонот во западниот дел на САД. Овој дел, наречен “Дамката” зафаќа околу 9 милиони квадратни километри површина и влијае не само на струјата, но и на квалитетот на воздухот.

Делница од топла вода во Пацификот била откриен уште во 2013 година, а продолжила да расте во 2014 и 2015 години. Во 2016 дамката речиси исчезнува или барем не е толку забележлива.

Аномалијата се поврзува со масовното изумирање на животните во океанот во текот на 2015 година, вклучувајќи и со загинувањето на илјадници калифорниски морски лавови од глад, а се поради зголемување на температурата на водата за 3 степени имаше и масовна смрт на морски птици во западниот дел на САД.

Во 2015 година по западното крајбрежје на САД температурата на воздухот е за неколку степени над нормата што предизвика токсична расцутеност во водата. Научниците и досега не можат да го објаснат овој феномен.

“Дамката”, исто така, предизвика и нагло зголемување на нивото на озонот во Западното крајбрежје. Научниците од Вашингтонскиот универзитет, кои во тоа време правеле некои истражувања во регионот едноставно не поверувале на добиените податоци, кои покажувале вишок на озонот од 3 до 13 милиони делови.

По повторната проверка на резултатите станало јасно дека можноста за грешка е исклучена. Повеќе од една година е посветено на причините за настанување на оваа аномалија, а научниците дошле до заклучок дека токму “Дамката” има влијание на времето во оваа година.