Џиновска нишалка: 80 км/ч на 396 метри висина над кањон

од desk2

Љубителите на планини и длабоки кањони, но и адреналински зависници че се заинтересираат за атракцијата во Колорадо, САД, над голем кањон, но не оној познатиот Гранд кањон, туку Гленвуд кањонот.


Тој се протега на 20 км околу реката Колорадо во западниот дел на истоимената сојузна држава. Карпите кои го окружуваат високи се и по 400 метри. Над една таква изградена е голема нишалка на која може да се повозите, ако не умрете од страв, и да уживате во спектакуларната глетка.

Нишалката Giant Canyon се наоѓа на висина од 396 метри и повисока е од познатите нишалки на смртта во Кина и онаа во Амстердам , Over the Edge.

Одеднаш може да се нишаат четири лица, кои треба да се повисоки од 120 см и заедно да не тежат повеќе од 360 килограми. Пред возењето потпишувате документ со кој организаторот го ослободувате од каква мило одговорност во случај на несреќа.
На ова чудо може да се постигне брзина од 80 км/ч. Што велите, сте за?

Слични содржини