Џо и Џил Бајден ќе бидат вакцинирани со третата доза од вакцината

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека тој и првата дама Џил Бајден ќе добијат трета доза вакцина „Ковид-19“, што ќе го зајакне нивниот имунитет, откако неговата администрација објави дека на сите Американци ќе им биде понудена трета „бустер“ доза на вакцината во септември.

„Ќе ја добиеме третата доза од вакцината“, рече Бајден за Еј -Би -Си Њуз во ТВ -интервју емитувано во четвртокот.

Неговите изјави беа снимени во средата кога здравствените власти го претставија својот план за можноста Американците да бидат вакцинирани со две дози од 20 септември и трета, „бустер“ доза на вакцината против ковид.

Програмата за вакцинација од трета доза е во тек, иако милиони Американци допрва треба да ја примат првата доза, а жителите на многу сиромашни земји низ светот се уште чекаат испорака на првите количини вакцини.

Бајден (78) рече дека тој и неговата сопруга биле вакцинирани со првата доза на вакцината на Фајзер уште во декември, кога вакцината штотуку пристигна во Соединетите држави.

Слични содржини