Џон Малкович: Мајка ми ми рече дека сум Црногорец

од desk2
119 прегледи

Холивудскиот актер Џон Малкович во петок беше во Загреб каде ја отвори новата концертна сезона во салата „Ватрослав Лисински“.


Малкович кој глуми во повеќе од 70 филмови, во петок беше наратор на концертот на младата пијанистка Анастасија Теренкова.

На конференцијата за новинари Џон призна дека е одгледуван како Американец, но дека е горд на своите корени. И тоа не само на хрватските.

„Татко ми за својот татко велеше дека бил голем лажго, па не можам да знам со сигурност. Мајка ми по неговата смрт ми рече дека сум Црногорец“, пренесе “HRT“.

„Се чувствувам со еден дел и како Хрват затоа што родителите на моите родители починаа додека бев многу мал и не сакаа да го научам нивниот јазик, па Хрватска ја открив доцна“.

Дури во 1990 година Малкович на светот му oткри дека е Хрват со песната на Ненад Бах “Can We Go Higher“ во која цитираше хрватски стихови.