Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Џонсон го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки

Џонсон го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки

Британскиот премиер Борис Џонсон го одложи олеснувањето на рестриктивните мерки поради коронавирусот во Англија, најавено за овој викенд.

Тој предупреди дека Велика Британија може да влезе во нов национален карантин во услови на стравувања дека понатамошното отворање на економијата може да предизвика ненадејно зголемување на бројот на ново заразени, пренесува „Гардијан“.

„Нашата проценка е дека сега треба да ги применуваме сопирачките за да го задржиме вирусот под контрола“, рече Џонсон.

loading...