Џорџ Мајкл погребан без својот партнер зашто не е поканет

од Vladimir Zorba
138 прегледи

43-годишниот Фади Фаваз, кој се уште е во жалост, не ја крие тагата. Партнерот на Џорџ Мајкл признава пред “Сан” дека ништо не знае за погребот на поранешниот љубовен сопатник. Причината е тоа што семејството на пејачот што го организира погребот “молчи” по поводот.

На крајот сепак самиот Фади го пронајде телото на 53-годишниот пејач на 25 декември во неговиот стан во Оксфордшир. Првично смртта на изведувачот на “Wham!” изгледаше мистериозно, но на крајот судските медицински лица изнесоа дека Џорџ Мајкл починал од срцева криза, поточно од “дилатативна кардиомиопатија со миокардитис и хепатална стеатоза.“ Сè се чува во тајност. Семејството на легендарниот пејач го исклучи целосно Фади Фаваз.

“Погребот? Не можам да ви одговорам, сè чуваат во тајност”, открива тој пред медиумите. “Не можам да ви кажам. Одамна требаше да се случи. Се одолговлечи  доста. Бев целосно збунет. Но навистина ништо не знам во однос на погребот. Верувајте ми. Навистина е чудно “, додаде поранешниот партнер на Џорџ Мајкл.

По смртта на Џорџ Мајкл Фади Фаваз првично беше осомничен за смртта на пејачот, но по излегувањето на резултатите од аутопсијата, сите сомневања против партнерот на ѕвездата отпаднаа.