298
Модниот креатор одлучи да донира 1,4 милиони долари за да може да им помогне на италијанските болници во борбата против коронавирусот.
Неговите средства се наменети за три болници во Милано, една во Рим и за цивилната агенција за заштита, се вели во соопштението на модната куќа.
Италија е најпогодена европска земја од коронавирусот, каде моментално се заразени повеќе од 9.000 лица. Цела Италија е во карантин, а школите, универзитетите, театрите, кината и ноќните клубови ќе останат затворени додека не се создадат услови за нивно повторно работење.