Ди Џовани: Апел до наставниците за алтернативни начини за штрајк

од Nikola Popovski

Преставничката на УНИЦЕФ во Македонија Патриција Ди Џовани смета дека ситуацијата со штрајкот на СОНК е чудна и дека се наоѓаме „помеѓу чеканот и наковалната“.

-Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права за поголеми плати, но никако ова не смее да биде на грб на учениците, кои веќе изгубија многу часови со пандемијата. Оваа порака да се пренесе. Ги охрабрувам двете страни да преземат алтернативи начини за штрајк. Лошо е децата да станат жртви на ова што се случува. УНИЦЕФ нема да коментира по ова, но би апелирала за поиновативни начини за штрајк на наставниците, кои имаат право да гласаат, но секако имаат право и за штрајк, рече Ди Џовани како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини