Дибала пресече, нов шок за Јувентус?

од Vladimir Zorba

Се чини дека дојде до голем пресврт кога е во прашање Јувентус, поточно Пауло Дибала.

Синоќа „бјанконерите“ го загубија Суперкупот во 120. минута против најголемиот ривал Интер, Дибала влезе во игра во вториот дел, беше незабележлив, иако се очекуваше одморен да донесе предност.

Сега вистинската летна сага е на хоризонтот. На Аргентинецот му истекува договорот, тој беше подготвен да го продолжи, но Јувентус ги промени условите на договорот, се зборуваше за 10 милиони по сезона, но, според некои информации, таа понуда е намалена.

Според медиумите во Италија, тоа го изнервирало Аргентинецот, кој сега размислува да започне преговори со други клубови. Тоа би било голем удар за Јувентус, а се вели дека директорот Аривабене се залага за поцврст однос кон играчите и дека не сака да попушти, односно дека не мисли дека Дибала заслужува толку пари.

Некои се согласуваат, често е повреден, бара многу пари, само Де Лихт би бил платен повеќе со бонуси од „Ла Хоја“.

„Кој и да ја носи „десетката“, не мислам на Дибала, туку на кој било, мора да знае што значи тоа за Јуве и каква е одговорноста“, изјави споменатиот Аривабене, што се толкува како критика кон Аргентинецот кој не ги покажува карактеристиките на водач на теренот.

Каде би можел да заврши?

Се зборува дека попрво би заминал во Шпанија отколку во ПЛ, но тешко некој да плати 10 милиони. Беше на мета на Атлетико, се споменуваше Барселона. Во игра би можел да влезе и ПСЖ. Да потсетиме Аргентинецот одби трансфер во Манчестер Јунајтед пред неколку години, а потоа и во Тотенхем.

Сега е слободен играч, нема да недостигаат понуди …

Слични содржини