Дибиров: Фала за сѐ Македонија и Македонци

од desk2
157 прегледи

Во пресрет на последниот натпревар на Вардар на домашен терен против ПИК Сегед во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров со емотивен статус преку Instagram се прости од Македонија.

„Последен натпревар. Фала за сѐ Македонија и Македонци“, напиша Дибиров со фотографија од големото славје на европската титула.

Екипата на Вардар вечерва против ПИК Сегед веројатно за последен пат игра во овој состав поради најавениот распад на тимот откако сопственикот Сергеј Самсоненко најави заминување од клубот.