Диџеј обвинет дека го заразил Меси со коронавирус

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, моментално се наоѓа во самоизолација откако тестот за коронавирусот му бил позитивен.

Фановите на големиот Аргентинец како виновник за болеста на нивниот идол го посочија диџејот Фер Паласио кој е под тешки обвинувања, навреди, па дури и го нарекуваат убиец бидејќи тврдат дека го заразил Меси.

Меси за време на својот одмор бил во Аргентина, а бил снимен на неколку забави. Меѓу другото, на новогодишната ноќ каде за музика беше задолжен диџеј Паласио. Тој се пофали и со фотографија со Меси, а токму поради неа се најде на удар на фановите на Меси.

„Станав тренд на Твитер бидејќи Меси е позитивен. Ме поврзуваат со тоа и тврдат дека сум го заразил, дури ме нарекоа и убиец. Добив многу пораки, а два пати бев негативен“, изјави Паласио.

Слични содржини