Дигиталното рекламирање порасна за 29,1% во 2021 година (инфографик)

од Vladimir Zorba

Во 2021 година, трошењето за реклами ширум светот порасна побрзо отколку во која било друга година од 2011 година, кога eMarketer го следи глобалниот пазар на рекламирање. Трошењето за дигитални реклами во 2021 година забележа најголем пораст во историјата и треба да се врати на нормален раст следната година.

Вкупните трошоци за рекламирање се зголемија за 19,9% во 2021 година, наместо очекуваните 15,0%, што е за речиси 33 милијарди долари повеќе отколку што предвиде eMarketer. Најголем дел од тој дополнителен раст дојде од дигиталното рекламирање, кое во 2021 година порасна за дури 29,1% наместо очекуваните 20,4%. Глобалното трошење за дигитални реклами достигна 491,70 милијарди долари во 2021 година, а следната се очекува да се зголеми на нешто повеќе од половина трилион долари.

Повеќето од поразвиените национални пазари, од кои најголеми се САД, Велика Британија и Франција, имаа повисок од очекуваниот раст на рекламирањето. Пазарите во развој како Индија и Индонезија, исто така, забележаа силен раст на рекламирањето. Дигиталното рекламирање порасна за 37,5% во Северна Америка и 27,4% во Европа, во однос на растот во Азија, Пацификот и Латинска Америка.

Amazon е лидер во дигиталното рекламирање во САД, а Google, односно Alphabet е светски лидер со удел од 38,1%, што на компанијата и носи приход од 146,12 милијарди долари.

Facebook има трет глобален удел.

Најголем раст во 2021 година од 61,4% постигна Amazon.

Слични содржини