Државната изборна комисија попладнево на прес конференција посочи дека излезеноста до 15 часот e 30,26%. Вкупно гласале 208.571 граѓани.
За градоначалник на Град Скопје, излезеноста е 29,94%, односно гласале 104.182 гласачи.
Во првиот круг од изборите бројката изнесуваше 31,16%, а вкупно гласале 365.977 граѓани.
Најголема излезеност има во Пробиштип со 49,04% а најмала во Сарај со 6% и Чаир со 8%. Во Скопје најголема излезност има во општините Центар и Карпош.