ДИК: Пендаровски 57,64 проценти, Силјановска 38,95 отсто

од desk4
82 прегледи

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 32,72 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 57,64 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 38, 95 отсто.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.

На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795,577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.