Државната изборна комисија на вечерашната седница со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучила дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

mkd-202341

– Државната изборна комисија на вечерашната седница постапувајќи по барањето на министерот за финансии за донесување одлука согласно член 48 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучи дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Одлуката на Државната изборна комисија е конечна, се вели во соопштението од Државната изборна комисија.

Дополнителниот заменик министер за финансии Наумов реши да побара ДИК да одлучи за ветото за ново задолжување, за кое требаше да се оцени дали има влијание врз изборите. Ова практично е и првото вето на СДСМ, откако партијата, преку свои функционери влезе во извршната власт. Имено, најавеното задолжување треба да се спроведе денес и до тогаш ДИК требаше да се изјасни во однос на ставеното вето од страна на Наумов.

Новото задолжување од 100 милиони евра беше најавено со Проспектите на Министерството за финансии само три дена откако се спроведе операцијата за издавање на новата Еврообврзница од која се обезбедија 270 милиони евра.

Слични содржини