Димитриевски дел од Меѓународниот управен комитет на Мрежата на силни градови

од Nikola Popovski

На покана на Мрежата на силни градови, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваше на Четвртиот Глобален Самит на Мрежата на Силни Градови, кој се одржува во Њујорк за време на првата недела од 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Со низа настани и активности за зајакнување на глобалната соработка, заедно со високи владини претставници, градоначалници и глобални лидери од целиот свет, градоначалникот Димитриевски имаше можност да сподели искуства и да разговара за важноста на локалното лидерство во справувањето со омразата и екстремизмот, како дел од Меѓународниот Управен Комитет на мрежата.

“Особена чест ми претставува тоа што сум дел од Меѓународниот Управен Комитет на мрежата, со кој ко-претседаваат Градоначалникот на Град Хаг, Холандија и Градоначалничката на Град Рабат, Мароко а истиот вклучува претставници од вкупно 25 градови од целиот свет”, вели Димитриевски.

Слични содржини