Димитријевиќ постигна маестрални 43 поени, па откри колку е сериозна повредата

од Nikola Popovski
203 прегледи

Литванија на домашен терен ја совлада Македонија со резултат 94:72 во квалификациите за Европското првенство следната година, а Ненад Димитријевиќ беше убедливо најистакнат поединец.

Бекот на Олимпија Милано постигна 43 поени со четири скока и шест асистенции и сето тоа за нешто повеќе од 29 минути поминати на теренот.

Сепак, на шест минути до крајот, додека нашите заостануваа само осум поени, тој ја повреди левата нога и мораше да биде изнесен од теренот.

Како што изјави по натпреварот, смета дека повредата не е сериозна.

„Мислам дека тоа беше само еден голем грч. За неколку дена би требало да бидам добро. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот“, изјави Димитријевиќ.

Македонија е трета во групата Х од квалификациите за Европаскет, со една победа и три порази, исто толку колку и последнопласираната Полска, која дефинитивно ќе игра бидејќи е еден од домаќините. Литванија има три победи и еден пораз, како и Естонија која е прва.

Европското првенство ќе се игра следната година, а домаќини ќе бидат Полска, Финска, Летонија и Кипар.

Слични содржини