Димитров: Минималната плата прави голема демотивација на добрите работници

од Nikola Popovski

Факт е дека самата суштина минимална плата е платата на најниско платените. Таа не е присутна во сите гранки. Во трговијата, во банките, осигурителни компании, нема никакви проблеми со минималната плата. Проблемот е во трудните дејности. Иако тука велат дека најниската плата е кај заштитарите, главниот проблем е кај производство на текстил, облека, кожарска индустрија, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Според него, последната измена на Законот за минимална плата не даде резултати.

-Така беше концепиран Законот. Не е применлива мерката за субвенции за плати. Мерката не знам за кого беше насочена, за скоро никој не може да се практикува. Минималната плата прави голема демотивација на добрите работници. Во приватниот сектор уште поизразито. Доаѓате во ситуации каде работници кои имаат учинок од 40-50% да земаат иста плата со оној што има 80 или 90%. Добриот работник вика зошто јас да работам кога овој до мене не работи ништо, а зема како мене, рече Димитров во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини