Димитровска кон Димитриевски: Oд вашите „ѓаволи адвокати“ добивам закани

од Берта Китинска

Кандидатката за градоначалник на Куманово, Tеодора Димитровска, од  движењето „Одлучно за промени“  на ЛДП/ДОМ денеска во дебатната емисија во „Студио 10 “, кажа дека добива закани од страна на вработени лица во општината и дека за тоа знае и актуелниот градоначалник Максим Димитриевски.

-Има луѓе во општината кои вршат притисок врз други луѓе да не зборуваме само дека едната страна е лоша, а другата е добра. Вашите „ѓаволи адвокати“ на мене ми се јавуваат и ми се закануваат. И тоа јавно ќе го објавама. Вчера имав разговор во кој добив закана дека по 17 октомври вратите од општината за мене ќе бидат затворени, кажа Димитриевски.

На овие обвинувања Димитриевски  и посочи на кандидатката за градоначалник да ги пријави во полиција бидејќи ваквите закани се кривично дело.

Слични содржини