Димитровски: Факт е дека не се снајдовме со вакцините, делумно се согласувам со Пендаровски

Во своето гостување во „24 анализа“, пратеникот од редовите на СДСМ, Зоран Димитровски се осврна на набавката на вакцините во земјава, имунизацијата која следува, но и масовната вакцинација на наши граѓани во Србија изминатиот викенд.

„Факт е дека се работи за солидарност, бидејќи генерално земјите на Балканот лошо се снајдоа со вакцините. И навистина не знам зошто, земјите од Балканот не се соединат па заедно да набавиме вакцини. Факт е дека не се снајдовме со вакцините и делумно се согласувам со претседателот Пендаровски што се однесува на тоа дека е брука нашата земја да нема што да понуди. Србија покажа солидарност, за разлика од дел од западните земји кои не покажаа таков гест. Во рамки на солидарноста на Србија, не гледам геополитика, но мислам дека на тој начин ќе заврши таа игра, кога кај нас ќе започне масовната имунизација“, истакна Димитровски.

Слични содржини