Димитровски: Можеби јавноста ќе го прифатеше првиот француски предлог, но Владата рече е неприфатлив

од Nikola Popovski

Проблемот е што расправаме за документи што не ги знаеме. Првиот предлог не го видовме, го прочитавме од бугарските медиуми. Не видовме што е тоа неприфатливо. Можеби јавноста ќе го прифатеше, ама Владата рече неприфатлив. Сега добивме три документи од ЕУ и врз основа на нив треба да оцениме. Во однос на протоколот, она што го прочитавме во бугарските медиуми, таму има една клаузула кој го поврзува протоколот со нашите преговори. Во една клаузула пишува дека треба да биде завршена работата на Историската комисија по сите периоди. Доколку не најдеме заеднички јазик за Илинденското востане или Гоце Делчев, нема да се ратификува договорот од страна на Бугарското собрание. Тие се пакет, изјави заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски околу францускиот предлог.

Тој истакна дека „првиот пат донесовме суд врз основа на тоа што не видовме документи“.

-Во моментов имаме две фази, едната на деструкција и едната конструктивна преку работните групи во Парламентот, кои што треба да изградат заклучоци за сите политички фактори да најдат заеднички јазик. Ни треба малку простор и време, месец два, ако навистина успеем во тој период да направиме вистинска дебата, и да задоцни малку таа Прва меѓувладина конференција, рече Димитровски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини