Димовски: Голем е набојот и емоциите се на виосоко ниво и кај СДСМ и кај ВМРО ДПМНЕ

Во своето гостување во „24 анализа“, екс пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски посочи дека има неколку факти што се однесуваат на фрлената „ракавица“ од премиерот Зоран Заев за широка Влада.

„Факт е дека сме немале Влада со толку мало мнозинство, како и селектирано мнозинство. Исто така, оваа Влада многу лошо се справува со Ковид кризата, но и економски станува се полошо и оваа Влада политички и кадровски е истрошена. Оттаму и самиот Заев призна дека на Македонија и треба нова Влада, и со својата изјава не не изненади. Ние сме во фаза, што во најмала рака имаме перцепција во јавноста дека оваа Влада нема моќ да се справи со предизвиците. Оваа бројка на пратеници ќе диктира состојба во Собранието, реков непосредно по изборите. Емоциите во двата табори се на високо ниво, па оттаму набојот е голем и кон ВМРО ДПМНЕ и кон СДСМ“, истакна Димовски.

Слични содржини