Кандидатот од главната опозициска партија “Нова демократија” (НД) Костас Бакојани е новиот градоначалник на Атина. Ова го најави Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е одговорно за броење на гласовите на локалните избори.

Според пребројувањето на 97,8% од гласачките ливчиња, Бакојани добие 65,3%, додека противникот, кандидатот на владејачката партија СИРИЗА Насос (Атанасиос) Илиопулос зема само 34,7% од гласовите .

Пред тоа Костас Бакојани  бил градоначалник на Карпениси, а од 2014 година е гувернер на регионот на Централна Грција. Костас е син на заменик-претседателот на Нова демократија, поранешен министер за надворешни работи на Грција Дора Бакојани и внук на поранешниот премиер Константинос Мицотакис (1918 година – 2017 година) . Во 2002 година, мајка му, Дора Бакојани, стана првата жена градоначалник на Атина и во тоа својство беше домаќин на Олимписките игри во 2004 година. Сопругот на Дора и таткото на Костас – Павлос Бакојанис е убиен во 1989 година од страна на терористите од левичарската организација “17 Ноември”, која беше разбиена во 2002 година

Братот на Дора Бакојани е друг истакнат претставник на династијата Мицотакис – Кириакос Мицотакис, лидер на главната опозициска партија Нова демократија, кој победи на изборите во Грција за Европскиот парламент од 26 мај и сега се очекува да победи на предвремените парламентарни избори на 7 јули.