Дип Парпл објавија нови песна и спот (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Легендарниот британски рок состав најави дека нивниот 21-ви студиски албум би требало да излезе на 12 јуни, а како вовед во него, објавија нова песна заедно со спот.

Песната се вика „Throw My Bones“, а албумот ќе го носи називот „Whoosh!“. Со овој материјал, особено со спотот, тие се осврнуваат на денешната состојба во која се наоѓа светот.

„Ова е повик за сите нас да застанеме и да ја видиме пошироката слика, да делуваме и да бидеме свесни за состојбата во која се наоѓа нашата планета“, наведуваат од бендот.

Слични содржини