(ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ВО ЖИВО ОД СИРИЈА) Руското МО пренесува во живо на интернет како борците на опозицијата го напуштаат Алепо

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Четири камери постојано ги набљудуваат хуманитарните коридори.

povlekuvanje

Рускиот центар за примирје меѓу завојуваните страни во Сирија на интернет во живо од Алепо го пренесува повлекувањето на борците кои го напуштаат градот по хуманитарни коридори.

Директниот пренос оди на четири камери лоцирани во реонот на западниот дел на патот Кастело и преминот Машарка, како и од дронови кои ја надлетуваат оваа маршрута на коридорите за излез од градот. Кадрите се подигнати на сајтот на Министерството за одбрана на Русија.