Вработените во една фирма во Лидс, ќе имаат подобри празници од сите останати.

Тоа е така затоа што компанијата ќе ги прати да го прослават Божик и Нова година на Тајланд!
Компанијата Logical Resources Sales and Technical Recruitement, која работи во Калифорнија и во Мелбурн. одлучи да ги прати своите вработени на Тајланд и така да ги награди за минатите години работа и што ги оствариле целите повеќе од очекуваното.
Патувањето на плажата Камала на Пукет е во потполност платено од страна на фирмата.
„Признанието на работа има моќ да ги промени животите, а тоа е став кој го имаме сите во оваа фирма со децении. Поставивме високи цели, а ова е само доказ колку тимот беше посветен да ги исполни, пожртвуван и способен!“, вели директорот Роб Карлтон.
Сепак, патувањето не е новост за вредните вработени во оваа фирма. Претходните години беа на Ибица, во Барселона, како и на музичкиот фестивал Tomorrowland во Белгија.